Кривична пријава за Курто Дудуш за „несовесно работење во службата“

СВР Скопје поднесе кривична пријава за Курто Дудуш, градоначалник на општина Шуто Оризари. Тој се товари дека за директори во детска градинка во општината со која раководи именувал лица кои не биле вработени во таа градинка.

– Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои е не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка, информираaт од МВР.