Македонија Приведени се вкупно 3 лица

Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара

Претресот е завршен во доцните часови. Се продолжува со други истражни дејствија, се со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Така што, за нови дополнителни информации, јавноста ќе биде дополнително известена, рече Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање во Струмица.

Уште еден приведен за убиството на матичниот лекар во Железара

Уште едно лице е приведено за поврзаност со убиството на матичниот лекар во Железара кој беше пронајден во своето возило „киа рио“ со девет убодни рани.

Информацијата ја потврди техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски.

-Приведени се вкупно три лица. Претресот е завршен во доцните часови. Се продолжува со други истражни дејствија, се со цел да може да се утврди соодветната фактичка состојба. Така што, за нови дополнителни информации, јавноста ќе биде дополнително известена, рече Тошковски, одговарајќи на новинарско прашање во Струмица.

Доцна синоќа полицијата вршеше претрес во скопска Автокоманда. Приведе двајца, кои се се уште на распит во полициска станица. Од Јавното обвинителство не откриваат многу детали, но велат дека мотивите допрва ќе се утврдуваат.

Вчера во подкастот „Претрес“, Тошковски кажа дека според првичните информации, убиството не е поврзано со неговата дејност.

Во четвртокот вечерта, околу 23:00 часот, матичниот доктор Ацо Трповски беше пронајден мртов со девет убодни рани на паркингот пред Поликлиниката Железара. Го нашле неговите синови кои почнале да го бараат откако не се вратил дома во предвиденото време.

Најнови вести од Македонија

Теми на денот

To top