Мурињо: Два пати одбив иста понуда, ако дојдат трет пат нема да ја повторам грешката

Жозе Мурињо се уште е без работа откако на почетокот од годинава доби отказ од Рома, иако трофејниот стратег уште пред неколку месеци истакна дека е подготвен да се врати на фудбалот.

Тој би сакал да се врати во Манчестер Јунајтед, но новата управа на „црвените ѓаволи“ воопшто не го смета за сериозен кандидат за наследник на Тен Хаг. Ако во минатото имаше бројни понуди за нов ангажман, тоа веќе не е случај, а Мурињо во интервју за португалските медиуми обелодени која понуда два пати ја има одбиено во својата кариера.

„Португалија два пати ми понуди да бидам селектор, мислам дека тоа е сосема нормално. Два пати понудите доаѓаа во погрешен момент, вториот пат решив да останам во Рим, бев исполнет со емоции и мислам дека згрешив. Португалија има навистина силна екипа, тоа е една од најдобрите репрезентации во светот, но јас во тој момент бев вљубен во Рома и ја одбив понудата. Ако добијам трета шанса да ја тренирам репрезентацијата на својата земја, сигурно нема да ја пропуштам“, порача Жозе Мурињо.

Се вчитува...