Играч се „заби“ во својот тренер и му го повреди коленото (Видео)

Кошаркарите на Минесота тимбервулвс први ја завршија работата во првата рунда од плејофот во НБА-лигата откако утринава ја остварија четвртата победа против Феникс санс, но останаа без тренерот Крис Финч, кој доживеа бизарна повреда, и тоа од свој играч.

Имено, Финч заработи повреда на коленото кога во него се „заби“ неговиот играч Мајк Конли.

Тој неколку минути беше опкружен од неговите помошници и играчи, а потоа беше одлучено да биде однесен во соблекувалната. Деталните прегледи покажаа дека рехабилитацијата би можела да трае дури шест месеци, но ќе може да ја води екипата од клупата.

Играчот кој го повреди својот тренер, Мајк Конли, по мечот изјави дека не го видел Финч сè до моментот кога се удри во него.

„Му реков да седне. Не би требало да стои во завршницата од натпреварот“, изјави Конли.

- Оглас -

Најнови вести