Брансон посилен од повредата, се врати и донесе нова победа на Њујорк

Њујорк славеше со 130-121 на вториот дуел со Индијана, поведувајќи со 2-0 во оваа полуфинална серија од Источната конференција. Во главна улога беше најдобриот кошаркар на никс, Џелен Брансон, кој со 29 поени го предводеше тимот до нов триумф, но и покажа карактер враќајќи се на теренот по незгодната повреда.

Имено, големиот ас на Њујорк се повреди во втората четвртина и веднаш се упати кон соблекувалната, а лекарите го оценија неговото враќање како „возможно“. Индијана го искористи неиграњето на најдобриот домашен играч и на одмор замина со предност од 73-63, но Брансон стигна заби и се врати, предводејќи го големиот камбек во третата четвртина што неговиот тим ја доби со 36-18, трасирајќи си го патот до победата.

Ануноби беше одличен во тимот на Њујорк со 28 поени пред да го напушти теренот поради повреда на мускулот, а 28 поени постигна и Ди Винченцо. Во таборот на Индијана блескаше Халибуртон со 34 поени и 9 асистенции, но и тоа се покажа недоволно за оваа екипа да успее да слави во „Медисон Сквер Гарден“.

Се вчитува...