Поврзете се со нас

Свет

Поповски меѓу најефикасните во втората полуфинална победа на Цирих

Објавено

на

foto:www.facebook.com/GCAmicitia

Мартин Поповски и неговите колеги од Амичитија Цирих го надиграа Криенс Луцерн со 35:28 и со тоа се изборија за мајсторка во оваа полуфинална плејоф серија во Швајцарија.

Домаќините одиграа одличен меч, уште во првото полувреме испратија силна порака и го нокаутираа противникот со 17-11 за да во вторите 30 минута ја завршат започнатата работа.

Македонскиот интернационалец Поповски беше меѓу најефикасните, најдобрите во побеничкиот табор со пет гола од шест обиди. Кај противниците најсветла точка беше Сигрист со девет реализации од десет обиди, но шест од тие погодоци беа преку удари од седум метри.

Петтиот ревашки меч во серијата е закажан за 2 мај.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни