Повремени врнежи од дожд и снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Променливо облачно со повремени врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Попладне ќе почне да дува засилен северозападен ветер кој ќе се задржи и во текот на ноќта кога на повеќе места ќе биде силен (над 80 км/час, а на планините и над 90 км/час), а тоа ќе предизвика нагло и значително опаѓање на температурата. Максималната температура ќе биде во интервал од 2 до 13 степени.

Времето и метеоролошки параметри за Скопје: Променливо облачно со повремен слаб дожд кој во делови од котлината кон крајот на денот ќе преминува во снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец, кој во текот на ноќта дополнително ќе засилува. T= 8 °C, P= 978 hPa, U= 75 %, V= 8 m/s.
(Т- температура, P- притисок, U- релативна влажност, V- средна брзина на ветер)