Де Роси незадоволен од однесувањето на Паредес на мечот со Каљари

Новиот тренер на Рома, Даниеле де Роси го критикуваше Леандро Паредес за добиениот жолт картон на натпреварот од 23. коло на Серија А против Каљари (4:0).

– Секогаш навивам кога соиграчите се штитат еден со друг. Но, кога резултатот е 4:0 треба да бидете малку попаметни. Ваквото однесување не треба да се толерира и мора да се внимава на непотребни предупредувања. Ова е вистинска глупост, изјави Де Роси за „Football-Italia“.

За Рома ова беше третата победа во третиот натпревар по доаѓањето на Де Роси на тренерското место.

„Римската волчица“ со 38 бода се искачи на петтото место во Серија А.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО