Спасовски: Имаме нови детали за киднапирањето на внукот на Бошкоски

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска беше запрашан до каде е истрагата за киднапирањето на младиот скопјанец Самоил Костадиновски, по кој се трага веќе 20 дена.

Министерот рече дека има напредок, како и дека знаат повеќе детали за случајот, но и оти тој не може да ги соопшти јавно, за да не ѝ наштети на истрагата.

26-годишниот Костадиновски, кој е внук од сестра на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски, исчезна на 4 март. Тој последен пат бил виден во близина на Чешката амбасада на Водно.

За случајот беа уапсени двајца осомничени за кривично дело грабнување, кои се во притвор. Се знае дека киднаперите го возеле момчеро во сив автомобил „Опел“, кој подоцна беше пронајден запален.

Back to top button
Close