Скандалозни закани на Ахмети кон Мицкоски, ќе реагираат ли институциите?

Скандалозни закани на Ахмети кон Мицкоски, ќе реагираат ли институциите?

Скандалозен митинг среде Скопје на ДУИ, чиј лидер Али Ахмети во својот говор испрати закани кон претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кого вели да не си ја барал бељата. Во амбиент во кој се скандираше УЧК , со веење на знамиња на Албанија, без ниту едно знаме на државата Македонија, Ахмети во заканувачки тон му порача на Мицкоски да внимавал што зборува бидејќи бил млад.

„Јас патував малку подолго и одвај чекав да дојдам тука кај вас за да му кажам неколку зборови на Христијан Мицкоски. Христијан Мицкоски е пораснат со гурабии, Христијан Мицкоски е пораснат со кекси (бисквити).

Јас сум пораснат во кула од камен што трипати е изгорена од поробувачите. Христијан, народот мој вели дека камен по камен се гради тврдината, збор по збор започнува бељата, не започнувај беља (проблем).

Не започнувај беља и бирај ги зборовите, уште си млад и устата млеко ти вади“, порача Ахмети. Ваквиот скандалозен настап на Ахмети предизвикува бура осуди во јавноста, но и бројни реакции на социјалните мрежи. Правни експерти сметаат дека надлежните институции треба да реагираат за ваквите закани.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста