Поврзете се со нас

Италија

Милик погоди по првиот контакт со топката, Јувентус избори финале во Копа Италија (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Аркадиуш Милик се покажа како голем џокер од клупата за резерви за Јувентус и со голот во финишот го одведе својот клуб во финалето на Копа Италија.

Лацио го победи Јувентус со 2:1, но победата од 2:0 на првата средба се покажа како одлучувачка за „бјанконерите“ да обезбедат место во битката за трофејот.

Тати Кастелјанос го отвори резултатот во 12. минута, а истиот фудбалер уште еднаш ја надмудри одбраната на Јуве во 49. минута, со што Лацио ја неутрализираше предноста на противникот од првата средба.

Во продолжение Јувентус почна да ја презема иницијативата и да биде опасен, но Влаховиќ и соиграчите немаа решение за одбраната на „бјанкоцелестите“. Така беше се до 83. минута кога Милик само што го замени Влаховиќ и со првиот контакт со топката искористи асистенција на уште еден резервист, Веа, за да реализира зицер кој ги донесе и конечните 2:1.

Противник на Јувентус во финалето ќе му биде подобриот од двомечот меѓу Фиорентина и Аталанта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни