Англија по поразот од Бразил мора да се вади против суперсилна репрезентација, Украина треба четврти пат по ред да игра на ЕП

6713 Украина – Исланд (20.45 часот)

Ова е еден од трите финални дуели од баражот за пласман ЕП. Исланд со убедливи 4:1 го совлада Израел во полуфиналето, додека Украина со неверојатен пресврт и два гола во 85-тата и 88-мата минута ја победи БиХ во Зеница. Украинците немаат пораз на последните пет официјални средби, притоа остварија четири победи и едно реми со Италија во квалификациите. Финска пак со триумфот над Израел ја прекина мини-серијата од два порази. Квалитетот е на страната на Украинците, кои на неутрален терен во Вроцлав, Полска, би требало да слават и по четврти пат по ред да играат на Европските првенства.

Предлог тип: 1 & 0-3 (2.17)

 

6746 Австрија – Турција (20.45 часот)

Ова е пријателски натпревар меѓу две репрезентации кои ќе играат на Европското првенство и мартовскиот циклус го користат за што подобро да се подготват за континенталниот собир. Вообичаено меѓу репрезентациите кои веќе обезбедиле пласман на големите натпреварувања, овие мечеви да ги искористат за испробување нови тактики и комбинации и поради тоа за очекување е вечерва на „Ернст Хапел“ во Виена да има голови. Последниот дуел Австрија и Турција го играа пред осум години и заврши 2:1. Австрија пред три дена ја победи Словачка со 2:0, додека Турција загуби од Унгарија со 0:1.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.95)

 

6748 Словенија – Португалија (20.45 часот)

Словенија пред пет дена одигра само 2:2 против Малта, што претставува изненадувачки резултат за репрезентација која ќе игра на ЕП во Германија. Вечерва ќе игра контролен натпревар против силната Португалија во Љубљана. Португалците пред четири дена со 5:2 ја совладаа Шведска и покажаа зошто се меѓу главните фаворити за титулата на ЕП. Иако досега немаат играно меѓу себе, Португалија е фаворит и за очекување е повторно да биде ефикасна, како што беше случај со Шведска.

Предлог тип: Т2 1-3 I & 1-3 II (2.35)

 

6772 Англија – Белгија (20.45 часот)

Англија со поразот од Бразил од 0:1 на „Вембли“ во Лондон доби удар за шампионските амбиции на ЕП и вечерва мора да се вади против силен ривал, Белгија. Белгијците пред три дена во Даблин одиграа без голови против Република Ирска. Англија и Белгија последен пат меѓу себе играа во Лигата на нациите во 2020 година и двете селекции славеа на домашен терен. Белгија победи со 2:0, додека Англија во Лондон славеше со 2:1.

Предлог тип: 1 & 1+ пол. (2.30)

 

6744 Германија – Холандија (20.45 часот)

Германците пријатно изненадија со победата над Франција од 2:0 во Лион и покажаа дека никогаш не смеат да се отпишат, посебно не кога се организатори на ЕП и кога Тони Крос се врати во репрезентацијата, со што донесе стабилност во играта. Холандија во петокот со убедливи 4:0 ја победи Шкотска, која исто така ќе биде дел од ЕП. Последните четири меѓусебни меча завршија ГГ и за очекување е овој тренд да продолжи вечерва во Франкфурт.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.01)

 

- Оглас -

Најнови вести