Тошковски очекува мирен изборен ден: Безбедносната состојба стабилна, нема никакви нарушувања во изборниот процес

24

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вели дека досега безбедносната состојба е стабилна и нема никакви нарушувања на изборниот процес.

Во изјава за медиумите тој утрово соопшти дека не се забележани нарушувања на изборниот процес.

-Покриени се сите сектори од аспект на технички и човечки ресурси. МВР постапува согласно планот и сè тече како што треба. Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред, изјави Тошковски.

Во Македонија денеска се одржуваат седмите претседателски избори, а во трка се седум кандидати. Граѓаните имаат можност својот глас да го дадат на еден од кандидатите.

Под реден број еден на гласачкото ливче е Стево Пендаровски поддржан од СДСМ и Коалицијата, потоа број два Гордана Силјановска Давкова кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, Стевчо Јакимовски од ГРОМ под број три, под број четири на гласачкото ливче е Бујар Османи кандидат на ДУИ, Билјана Ванковска поддржана од Левица под број пет, број шест е Арбен Таравари од Алијанса за Албанците и кандидатот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски е под реден број седум.