Пронајден мистериозен тунел, го нарекуваат ЧУДО | Може да биде клуч за пронаоѓање на гробот на Клеопатра | Фото/Видео

793

Археолозите откриле импресивен тунел под храм во античките урнатини на градот Taposiris Magna на египетскиот брег, опишувајќи го како „геометриско чудо“.

За време на ископувањето на храмот, Kathleen Martinez и тим од University of Santo Domingo откриле тунел длабок 13 метри, пробиен низ 1305 метри песочник.

Дизајнот на тунелот е исклучително сличен на тунелот Eupalinos на грчкиот остров Самос, познат како инженерско чудо од 6 век п.н.е.

И покрај сличностите, целта на тунелот Taposiris Magna засега е непозната. Но, археолозите веруваат дека овој тунел би можел да биде клучот за пронаоѓање на гробницата на Клеопатра VII.

Претходните ископувања откриле траги кои укажуваат на познатата кралица и последниот од Птоломеј, а оваа нова структура може да даде дополнителни информации за локацијата на гробницата, пишува Science Alert.

Фотографијата покажува статуи пронајдени во близина на тунел кој бил откриен на длабочина од околу 13 метри под земјата

Тоа би било голема работа

Храмот Taposiris Magna бил основан околу 280 година п.н.е. Птоломеј II, син на Александар Македонски, а според верувањата бил посветен на богот Озирис и божицата Изида, божества кои биле од особено значење за Клеопатра. Пронајдени се монети со имињата и ликовите на Клеопатра и Александар Македонски, како и фигурини на Изида.

Иако моменталната намена на тунелот е нејасна, археолозите планираат понатамошни истражувања кои може да откријат повеќе информации. Следната фаза вклучува истражување на блиското Средоземно Море, каде земјотресите предизвикале уривање на дел од храмот. Досегашните ископувања откриле мрежа од тунели кои се протегаат од езерото Mariout до Средоземното Море.

Без разлика дали се пронајдени гробовите на Клеопатра и Марк Антониј или не, темелното ископување на овие урнатини може да обезбеди вредни информации за античкиот град Taposiris Magna. Во тунелот веќе се пронајдени некои артефакти, вклучувајќи парчиња керамика и правоаголни блокови од варовник.

Како што рече министерот за антиквитети Zahi Hawass во 2009 година:

„Ако ја откриеме гробницата на Клеопатра и Марк Антониј, тоа ќе биде најважното откритие на 21 век. Иако не го откриеме, ние веќе направивме големи откритија овде, внатре и надвор од храмот“.