Граѓани се организираат да им го блокираат патот на Бугарите кои на 4 февруари ќе се упатат кон гробот на Гоце Делчев

Фото Социјални мрежи

На социјалните мрежи е објавен повик до граѓаните, за на 4 февруари да ја блокираат патарината Куманово – Скопје, бидејќи на тој ден се очекува бугарски граѓани да дојдат во Скопје за да се поклонат пред гробот на Гоце Делчев.

„Повик до сите родољуби! Дојдете со камиони, трактори, автомобили и друга машинерија и поддржете го протестот. Кумановчани – ве повикуваме во 9 часот да ја блокирате патарината кон Скопје. Да не дозволуваме бугарските нео-нацисти да плукаат по споменот на великанот Гоце Делчев“, стои во објавата.

Бугарската фондација синоќа на социјалните мрежи објави насоки за Бугарите кои на 4 февруари планираат да дојдат во Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот