Додик: Обвинителството го импровизира судењето без никакви докази
- Претседателот на Република Српска, Милорад Додик на денешното рочиште во Судот на Босна и Херцеговина во Сараево изјави дека Обвинителството на Босна и Херцеговина се обидува од ништо да извлече релевантни докази.
Сараево, 17 април 2024 (МИА) - Претседателот на Република Српска, Милорад Додик на денешното рочиште во Судот на Босна и Херцеговина во Сараево изјави дека Обвинителството на Босна и Херцеговина се обидува од ништо да извлече релевантни докази.
„Нема докази и судењето се импровизира. Ова е импровизација на целиот случај“, рече Додик и рече дека „ова е доказ за злите намери на Обвинителството на Босна и Херцеговина“.
Претходно беа сослушани сведоците Владимир Јанковиќ и Милка Девушиќ, поранешни директори на Службен весник.
Нивните рочишта не траеја повеќе од пет минути.
Следното рочиште е закажано за 29 април во 14 часот. Обвинителството презентираше два од предложените 59 материјални докази. рп/
Фото: МИА архива