Маричиќ: Ветуваме кадровски промени, еволуција на учинокот на секој кадар и реформи и ветинг во судството меѓу првите работи

од Vladimir Zorba

„Се бориме за секој глас и очекуваме доволно пратенички места кои ќе ни дадат позиција и во плановите за идна влада да бидеме бедем и бранител на слободата, демократијата, граѓанските права и слободи, борбата против криминалот и корупцијата и што е најважно за европскиот пат и европската иднина“ рече вицепремиерот и кандидат за пратеник од СДСМ и Коалицијата за европска иднина, Бојан Маричиќ во вестите на Сител.

Тој исто така кажа дека меѓу првите работи кои би ги направила неговата партија во новиот мандат се кадровски промени, евалуација на учиникот на сите, како и реформи во судството и ветинг.

„Исто така и повеќе помош за младите и финансиска помош да го издржат ова тешко време и да останат во Македонија да работат“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека СДСМ ја прими и сфати пораката на граѓаните за политичките, стратешките и кадровските грешки изминатиот период и дека тоа е сериозен сигнал кој ќе помогне за подобро владеење во иднина.

Слични содржини