МАИ организира панел-дискусија и ќе ги додели наградите за издаваштво за 2024


Македонската асоцијација на издавачи (МАИ) вечер во 19 часот во Промо-центарот на Саемот на книгата ќе ги додели наградите за 2024 година, за најголеми достигнувања во издаваштвото во периодот меѓу двата саема.

Еден час претходно (18:00), МАИ на Саемот на книгата ќе организира панел-дискусија со учесниците на првата Фелоушип-програма на МАИ, на тема: „Современите издавачки текови и македонската издавачка продукција“.

-Учесниците (петмина издавачи и книжевни агенти) ќе ги споделат со јавноста своите впечатоци за нашиот саем и нашето издаваштво, соопшти Македонската асоцијација на издавачи.