Алегриите најприсутни периодов, лекарите советуваат навремено да се зема терапија

Драстичните промени во температурите лошо влијаат врз здравјето на граѓаните. На удар се оние со хронични заболувања бидејќи влијаат температурните разлики во текот на денот и во вечерните и утински часови. Дополнително на ова се уште актуелни болните со респираторните болест, па се поланат и ординациите на матичните лекари.

„На удар се метеопатите и оние кои се со хронични болести. На нив и делуваат овие промени. Се уште се активни оние со респираторни заболувања и астмата, затоа што концентрацијата на полен е позголемена, влажноста во воздухот, а се уште се присутни и респираторните болести.“ – вели Митрова

Присутни се и алергиите бидејќи сме во период на интезивно цветање на дрвцата. Но, Митрова вели поголем дел од граѓаните знаат за своите алергии и претпорачливо е навремено да се зема терапијата.

„Затоа што е период на интезивно цветање на дрвата, но Македонија е една од земјите каде имаме во текот на целата година цветање затоа што етапно цветаат дрвата. Они кои имаат алергии треба навремено да започнат со терапија“ – додава Митрова.

Лекарите советуваат граѓаните да бидат внимателни и на времено да ги земаат своите терапии со цел да не мора да ги посетуваат ординацитее на матичните лекари.

Лаура Стојанова, М-Нет