Вести Економија Најважни

Банкарската гаранција на „Балкан јутилитис“ стана класифицирана информација

Банкарската гаранција со која бугарската „Балкан јутилитис“ добива тендери во ЕСМ продажба стана класифицирана тајна. Но, од кој степен и кога, изостана во одговорот на ЕСМ продажба до Телма. Откако барањето за пристап до информации од јавен карактер се предаваше од една во друга државна компанија, ЕСМ продажба иако го проби законскиот рок одлучи да ја заштити бугарската фирма која добива милионски тендери за набавка на гас и да не открие како и во која банка оваа фирма која во миантотот работела со загуби гранатирала во тендерите. Но,затоа според ЕСМ продажба, објавувањето на оваа информација ќе го прекрши договорот за набавка.

Резултатот од спроведениот Тест за штетност бр. 02-354/1 од 02.02.2023 година, укажува дека бараната информација претставува исклучок од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер и барањето треба да се одбие во целост врз основа на член 6 став (1) точка 1 од Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер, бидејќи информацијата претставува класифицирана информација со соодветен степен на класификација и бидејќи информацијата содржи податок чие откривање би значело повреда на преземените обврски во потпишаниот Договор. Се смета дека јавно објавување на бараната информација може да нанесе штета на деловното работење на Друштвото, стои во одговорот на барањето на Телма за пристап до информации од јавен карактер

Уште поспорно е што на одлуката на ЕСМ продажба претходел „Тест на штетност“, кој е направен вчера или 4 дена по истекот на рокот за одговор, дополнително кршејќи го законот за пристап до информации од јавен карактер.

ECM Продажба ДООЕЛ, како имател на информацијата спроведе задолжителна постапка за „Тест на штетност“ за да ги провери последиците врз интересот кој се заштитува, односно јавниот интерес што би се постигнал со објавување на бараната информација. Согласно Законот за слободен пристап на информации, бараната информација – Банкарска гаранција не се наоѓа на Листата на информации од јавен карактер, се наведува во образложението на ЕСМ продажба

На овој начин ЕСМ продажба во постапката се одлучиле да ја заштитат бугарската фирма додека според правилникот од законот за слободен пристап до информации може да го заштитат јавниот интерес кој е посилен со оглед зашто оваа фирма е под сомнеж околу нејзиното работење, а средствата со кој се плаќа набавниот гас се од државниот буџет и буџетот на државната компанија.

Но, прекршувањата во одговорот на ЕСМ продажба продолжуваат и на последната страница, каде што нема назначено лице за слободен пристап до информации за јавен карактер нешто што е нејзина обврска и е флагрантно кршење на Законот. Па неместо задолжено Лице со име и презиме, стои непознат своерачен потпис.

Инаку според пишувањата во медиумите, бугарската фирма Балкан Јутилитис 2019 и 2021 работела со загуби па затоа се поставува прашањето која банка издала банкарска гаранција за компанија која испорачувала вакви резултати. Телма ќе ја обжали одлуката на ЕСМ продажба да го одбие барањето под изговор дека банкарската гаранција е класифицирана информација, кога е класифицирана и според кој членови од законот за класифицирани информации.

Пaвле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани соджини

Претседателски избори 2024 – хроника 15.04.2024

Дејан Дејан

Израел вети дека ќе одговори на нападот на Иран, сега ги разгледува своите следни чекори

Дејан Дејан

(видео)Адамчевски во Топ Тема: Нетанјаху не е човек од доверба

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе