еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

27-годишен затвореник од Велес починал во Идризово

Осуденик од Велес починал вчера во затворот Идризово. Младиот затвореник немал видливи траги на насилство, а телото е дадено на обдукација, соопшти МВР.

-На 03.02.2023 во 15.15 часот во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во затворот починал осуденикот Д.Х.(27) од Велес.

Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција, се наведува во соопштението од МВР.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Алек „Теранова“ ја откри шемата по која Груевски ги купувал имотите на Водно

Редакција

Повлекувањето струја од европската мрежа е балансен механизам согласно правилник, велат од ЕСМ

Редакција

Убава вест: Оздравени 691 пациенти кои боледувале од Ковид-19

Редакција