Поврзете се со нас

Светски првенства

Мартино: Ја запревме Аргентина, но направивме мала грешка и Меси не казни

Објавено

на

Мексико не успеа да постигне гол и на вториот натпревар на Светското првенство, но за разлика од првата средба на која ремизираше со Полска (0-0) сега загуби од Аргентина со 2-0.

Мексиканците одлучија да се бранат и во најголемиот дел од мечот го неутрализираа фаворитот, меѓутоа во вакви мечеви потребен е само еден момент и се да се сврти, па така по мајсторијата на Меси во 64 минута се тргна кон фаворитот кој ги потврди трите бода преку Фернадез во 87 минута.

-Направивме мала грешка и Меси даде гол. Потоа дојде вториот гол. На Меси му требаат само пет минути за да ви се закани, дури и 30 секунди. Се додека имаме шанса, мора да се обидуваме. Саудиска Арабија ќе мора да победи, а и ние. Во животот и во фудбалот мора да знаеме да се вратиме и да ризикуваме. Мојот тим има шанса, дури иако е тешко, -рече селекторот Херардо Мартино.

-Ја запревме Аргентина и тие не создадоа шанса еден час. Игравме така затоа што сметавме дека тоа е најдобриот начин да и се спротивставиме на Аргентина. Имавме двајца брзи напаѓачи и сакавме простор за нив. Веројатно не го направивме она што го очекувавме, а понекогаш ни недостасуваше и заден пас. Меси имаше простор крај голот, бидејќи погрешивме. Но, мислам дека немаше доволно простор во текот на играта. За ова живеевме година и пол и знам како се чувствуваат луѓето, -дополни предводникот на Мексиканците.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни