Муслиу „капитенски“ со нов гол за Падерборн (ВИДЕО)

Македонскиот фудбалски репрезентативец Висар Муслиу продолжува со одличните игри во дресот на германскиот второлигаш Падерборн. Муслиу кој ја доби и капитенската лента на овој меч игра одлично за својот тим кој има водство од 0-2 на гостувањето кај Нирнберг.

Гостите дојдоа до водство од 0-1 со погодокот на Грималди во 10. минута, додека нашиот репрезентативец ја удвои предноста во 61. минута. Ова е втор гол за македонскиот репрезентативец во последните три меча, откако стрелаше за својот тим и во поразот од Херта Берлин со (2-3) пред две кола.

Nürnberg 0-[2] Paderborn – Visar Musliu 61′
byu/suedney insoccer

Се вчитува...