(ВИДЕО) Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Москва се зголеми на 137

by Fokus

Бројот на загинатите во терористичкиот напад од петокот вечерта во концертната сала „Крокус Сити Хол“ близу Москва се зголеми на 137 луѓе, од кои три се деца, соопшти денеска рускиот Истражен комитет.

„До моментов на местото на терористичкиот напад се пронајдени телата на 137 лица… Увидот на местото на злосторството продолжува. До денеска идентификувани се 62 тела. Се спроведуваат генетски истражувања за утврдување на идентитетот на преостанатите жртви“, се додава во соопштението.

Според Министерството за здравство на Подмосковје (регионот на Москва), бројот на настраданите достигна 180 луѓе. Во болниците се хоспитализирани 142 ранети, од кои 32 лица веќе се отпишани, 38 се на амбулантна нега, девет на болничко лекување.

Поврзани новости