Џонсон Мети со еко акција во Кучково – засадени 2 000 дрвца за Денот на планетата земја

143

Околу 140 волонтери од компанијата Џонсон Мети засадија 2000 дрвца во Кучково, Скопје, со што го одбележаа светскиот ден на Планетата Земја. На овој начин, компанијата ја потврди својата посветеност на заштита и одржување на животната средина, обезбедувајќи одржливост на воздухот и на Планетата.

„На овој начин, покажуваме континуитет во заложбата за почист воздух и поздрава Планета. Тоа значи дека работиме во согласност со нашата иницијатива за нето нулта транзиција. Освен тоа, вложуваме напори и се грижиме за благосостојбата на Земјата“, вели Боријан Борозанов, Оперативен Директор за Европа, Џонсон Мети.

Со ова, сите заедно напредуваме во заштита на животната средина и зачувување на природата и човештвото.

„Се надеваме дека со оваа акција, всушност, ќе бидеме пример за другите заедно да вложиме во подобрување на благосостојбата на Планетата Земја. Заедно да продолжиме да ги инспирираме останатите“, вели Ана Апостолова, Менаџер за Човечки Ресурси во Џонсон Мети.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од ©DRNKA.MK е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.