Германците со јасен план: Клоп селектор од 2025!

Јулијан Нагелсман ќе ја предводи Германија на ЕВРО 2024, но младиот стручњак веднаш потоа ќе го напушти кормилото на националниот тим за да се врати назад на клупата на Баерн Минхен, една година откако беше отпуштен од баварскиот гигант. Германците сакаа да го задржат Нагелсман нудејќи му нов двогодишен договор, но сега се целосно насочени кон остварување на новата цел – за селектор да го доведат Јирген Клоп.

Трофејниот стручњак веќе објави дека летово си заминува од Ливерпул со јасна цел да одмори една година од фудбалот. Тоа не би им пречелно на челниците на Германската Фудбалска Федерација, кои би задржале еден од помошниците на Нагелсман како ВД-решение за средбите од есента 2024 се додека Клоп не пристигне на чело на националниот тим во текот на наредната година.

Фактот дека јануари и февруари се слободни месеци во репрезентативниот фудбал би овозможил Клоп да почне со работа најрано од март 2025, со што сегашниот тренер на Ливерпул би имал доволно време да одмори од фудбалот и да ги наполни батериите за новиот предизвик во својата кариера.

Се вчитува...