ВИДЕО| Мицкоски со соработниците ги поставија основите за коалицискиот потенцијал

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ која на вчерашните двојни избори извојува надмоќна победа, извести дека во четвртокот одржак состанок со соработниците од водството на партијата на кој биле поставени контурите на рамката врз која ќе се гради коалицискиот потенцијал со другите партии во чиј фокус ќе бидат луѓето.

Како што објави Мицкоски на социјалните мрежи, на состанокот биле поставени неколку основни точки врз кои ќе се водат коалициските преговори а кои ќе бидат во фокусот на идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ, како 1. Економски силна држава, преку реформи и чекори кој ќе бидат жестока битка за повисок животен стандард; 2. Фронт против криминалот и корупцијата и постигнување на правда и 3. Реализација на стратешкиот интерес за европски интеграции, преку дијалог и исполнување на принципи.