Младиот Хаџи-Кимов пред мечот со Работнички: По четири бода со Шкупи и со Струга ТЛ, многу е важно сега да славиме во Штип!

Брегалница одлично ги реализираше двата натпревари под водство на новиот тренер Трајче Сенев, кој успеа да ја врати вербата во тимот и мотивот за борба за опстанок сезонава во прволигашката конкуренција.

По победта над Шкупи и гостинското реми со шампионот Струга ТЛ, викендов Брегалница во Штип го пречекува Работнички во еден од одлучувачките натпревари во битката за опстанок.

Хендикеп за штипјани ќе биде отсуството на стандарданите првотимци Горан Силјановски и стоперот Лвалива, но тоа значи шанса и за помладите фудбалери во тимот меѓу кои и 18-годишниот Благој Хаџи-Кимов.

„Да се биде дел од првиот тим на Брегалница на мои години, секако е пред се голема обврска, а од колегите постепено го добивам потребното искуство, посебно од искусните Силјановски, Селмани и сите останати. Сега не чека дуел со Работнички и најважно од се е да го добиеме натпреварот, а и опстанокот. Јас сум подготвен и максимално мотивиран, а дали ќе добијам шанса за игра секако збор има шефот на стручниот штаб“ – вели Хаџи-Кимов и дополнува:

„Атмосферата во тимот е одлична, подигнато е нивото на целата екипа во секоја сфера и единствена цел се трите бода“.

Се вчитува...