(ВИДЕО) Патот Крива Паланка -Деве Баир е модерен, европски пат, инвестиција вредна над 13 милиони евра

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовки сподели видео од патот Крива Паланка -Деве Баир – модерен, европски пат, инвестиција вредна над 13 милиони евра.
Резултатите зборуваат, Истокот се развива!

Овој патен правец кој беше пуштен во употреба кон крајот на јануари годинава е еден од капиталните проекти кои играат важна улога во поврзувањата на североистокот и поврзувањето на државата со соседните држави.

Патниот правец Крива Паланка – граничен премин Деве Баир е една од најбитните делници како за регионот, така и за целата држава бидејќи нѐ поврзува со соседна држава и токму на овој пат се одиваат најголемиот дел од патувањата на патниците, но и транспортот на материјалите и стоките наменети за извоз, рече тогаш Николовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

e