Kарагер: Дарвин Нуњез не е фудбалер за Ливерпул!

Фудбалерите на Евертон остварија голема победа во англиската Премиер лига, откако го победија Ливерпул со 2-0 на „Гудисон Парк“.

Во 27. минута Евертон поведе со голот на Бретвајт, по големата гужва во гостинскиот шеснаесетник. Во првите 45 минути Ливерпул имаше подобри шанси, но домашниот голман Пикфорд брилијантно ги одбрани ударите на Нуњез и Дијаз.

Со овој пораз Ливерпул е се подалеку од борбата за титулата, а легендарниот играч на „црвените“ Џејми Карагер посебно го нападна Дарвин Нуњез.

„Шансата што ја пропушти Нуњез пред полувремето е непростлива на ова ниво. Особено во ситуација кога Ливерпул се бори за титулата. Неговата севкупна презентација беше неприфатлива, недостојна за играч на Ливерпул“, изјави Карагер.

Се вчитува...