Огромни три бода за Удинезе на гостувањето кај Лече

Удинезе стигна до презначајни три бода во битката за опстанок во елитниот италијански фудбал откако во 36. коло славеше на гостувањето кај Лече со 0-2.

Лука на асистенција на Пајеро го отвори натпреварот со гол во 36. минута, а во 85. минута Самарџиќ ги реши дилемите за победникот на средбата.

Со овие три бода Удинезе се искачи на 15. место на табелата со бод повеќе од 18-пласираниот Емпли. Со 37 бодови Лече останува сигурен од релегација на 13. место на табелата.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...