Игра за Њукасл, заработува 2,5 милиони фунти годишно, а сега е подготвен да вози камион

Еден од најверните играчи на Њукасл, Мет Ричи кој има преку 200 настапи во дресот на овој англиски тим, има необичен план. Договорот на Ричи со Њукасл завршува на крајот од оваа сезона, а потоа 34-годишниот искусен играч ќе биде слободен играч.

Дека полека размислува за тоа што ќе прави по завршување на активното играње фудбал, Ричи потврди и со тоа што се пофали дека положил да вози камион и ќе стане професионален возач на Ц категорија.

Доколку се оствари идејата Ричи да биде возач на камион, тој сигурно ќе биде еден од најбогатите во таа професија. Според актуелниот договор, фудбалерот од Њукасл заработува 50.000 фунти неделно, односно 2,5 милиони фунти по сезона.

Освен за Њукасл тој има играно и за Борнмут, Свиндон, Портсмут и Нотс Каунти. Во Њукасл е од 2016 година, а сега полека завршува и оваа негова фудбалска приказна со тимот од „Сент Џејмс парк“.

- Оглас -

Најнови вести