Навивачите на Реал стравуваат: Дали Крос го одигра последниот меч на „Сантијаго Бернабеу“ во ЛШ?

Германскиот интернационалец Тони Крос со текот на годините прерасна во жива легенда на Реал Мадрид. Многупати претходно изјавуваше дека сака да се пензионира во дресот на Кралскиот клуб, но неговиот актуелен договор истекува на крајот од оваа сезона, а нема никаква најава дека ќе биде продолжен. Навивачите на Реал Мадрид и понатаму се надеваат дека тој ќе остане, но потегот кој го направи по синоќешниот меч против Баерн Минхен збуни многумина.

Откако стадионот се испразнил, Крос се вратил на теренот, седнал на клупата за резерви, а потоа и на тревникот. Таму се придружиле и неговата сопруга и децата, па овој потег е сфатен како збогување во „Сантијаго Бернабеу“ во Лигата на шампионите.

Навивачите сега стравуваат дека Германецот може да си замине, иако во моментов нема никакви информации дали договорот ќе му биде продолжен, или во спротивно тоа каде би ја продолжил кариерата доколку си замине од Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести