5 начини како да спречите таложење на масни наслаги на стомакот

Вишокот килограми околу половината е чест проблем со кој се соочуваат многу луѓе. Без разлика дали водиме седентарен начин на живот, сакаме брза храна или сме под голем стрес, одржувањето на стомакот во топ форма може да изгледа како тешка битка. Сепак, диететичарката Лаура Бурак откри пет начини на кои можеме да спречиме зголемување на телесната тежина во пределот на стомакот.

„Иако не постои начин на диета за да се насочи пределот на стомакот за одреден временски период, бидејќи тежината се намалува насекаде кога ќе ја изгубите, постојат некои практики кои можат да помогнат вашиот стомак да се чувствува помалку надуен, а потоа и вие да се чувствувате подобро“, рече таа за ,,Јади ова, не тоа.”

Ова се навиките кои таа ги издвои.

1. Пијте многу вода

„Повеќето од вас се хронично дехидрирани, што може да влијае на сите процеси во телото и да ја спречи детоксикацијата, односно процесот во кој телото ефикасно го исфрла отпадот. На пример, кога јадете солен оброк без доволно вода, може да се чувствувате надуени во пределот на стомакот“, објаснува Бурак. Затоа нагласува дека соодветната хидратација е многу важна бидејќи придонесува за детоксикација.

2. Јадете повеќе растителна исхрана

Диететичарот советува да внесуваме повеќе храна од растителна основа во нашата исхрана, бидејќи тие се најдобри извори на природни влакна, антиоксиданси и хранливи материи.

3. Распоредете ги оброците

Правилната распределба на оброците ни помага да го избегнеме подоцнежното внесување на вишок калории, истакнува Бурак.

4. Јадете повеќе кога чувствувате дека ви треба енергетски поттик

Нејадењето кога сме гладни всушност може да поттикне прејадување. Бурак сугерира да јадеме повеќе кога чувствуваме дека на нашето тело му е потребна енергија.

5. Вежбајте секојдневно

Лесно можеме да стекнеме навика да седиме, особено ако работиме од дома. Сепак, секојдневното движење е клучно за намалување на салото на стомакот, нагласува Бурак. Постигнувањето на совршена рамнотежа помеѓу кардио и вежбите за сила ќе ни помогне да водиме севкупно поздрав начин на живот.