18 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСовршено и бескомпромисно: новото „Ferrari V12“ има интересно име (ФОТО/ВИДЕО)

Совршено и бескомпромисно: новото „Ferrari V12“ има интересно име (ФОТО/ВИДЕО)

„Ferrari 12Cilindri“, кој дебитираше во петокот, го претставува врвот на развојот на моторот на „Ferrari“, според компанијата. Моторот е конструиран „од нула“ за да го слави звукот и перформансите што може да ги произведе само V12.

„Ferrari 12Cilindri“ ќе биде достапен како „Coupe“ или „Spider“ со преклопен тврд покрив, заменувајќи го моделот „812 Superfast“.

Тој беше дизајниран да потсети на духот на иконските модели како што се „Lusso“ и „275 GTB/4“, автомобили кои беа многу брзи, но и доволно удобни за возење на долги растојанија.

Името е, се разбира, италијанското име за 12 цилиндри. „Концептот е многу едноставен“, вели маркетинг шефот на „Ferrari“, Енрико Галиера.

„Сакавме овој автомобил да го прослави најважниот елемент на нашата ДНК. Никогаш не користиме надворешна агенција за да одлучуваме за имињата, а кога беше предложен „12Cylindri, 99% од луѓето овде го прифатија“, велат од компанијата.

Со кодно име „F140HD“, 6,5-литарскиот V12 користи механичка основа стара повеќе од 20 години. Официјално, „F140HD“ е сеопфатна преработка на „F140HC“ што се користи во „Ferrari 812 Competizione“.

Тоа е најмоќниот атмосферски мотор за масовно производство на „Ferrari“. Може да се врти до вртоглави 9.500 вртежи во минута, развивајќи 830 ks при 9.250 вртежи во минута и 678 Nm вртежен момент при 7.250 вртежи во минута.

Ваквите високи вртежи се резултат на поврзувачките шипки од титаниум кои се 40 проценти полесни од челикот, новите клипови кои се 2% полесни од оние што се користат во моторот „812 Competizione“ и ребалансираното коленесто вратило кое е 3% полесно.

Издувните гасови излегуваат преку нов систем до керамички катализатори и филтри за честички кои му помагаат на големиот V12 да ги исполни строгите стандарди за емисии на „Euro 6E“ поставени за 2026-та година и понатаму.

„F140HD“ ги придвижува задните тркала преку нов осум-брзински менувач со двојна спојка, давајќи му на „Ferrari 12Cilindri“ поголема максимална брзина од „812 Competizione“.

Ова овозможи да се зголеми вртежниот момент на задните тркала за 12 проценти, додека времето за менување степени на пренос е намалено за 5 проценти.

Од „Ferrari“ наведуваат дека 12-цилиндарецот тежок 1600 килограми од 0 до 100 km/h забрзува за помалку од 2,9 секунди, а до 200 km/h за помалку од 7,9 секунди. Максималната брзина е речиси 340 km/h.

Голем дел од хардверот за суспензија и системот за сопирање на „12Cilinidri“ беа земени од „812 Competizione“, како и диференцијалот.

Има нова алуминиумска „шасија“ и 2 cm пократко меѓуоскино растојание, како и 15 проценти подобра торзиона вкочанетост.

„Ferrari 12 Cilindri“ исто така располага со систем за управување со задните тркала кој дебитираше на „812 Competizione“, кој може да се контролира независно за дополнително да се подобри агилноста или стабилноста кога е потребно.

„Ferrari 12Cilindri Coupe“ во Италија започнува од 395.000 евра, додека почетната цена на „Spider“ е 435.000 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП