11.8 C
Скопје
20:54 - 28 март, 2024

(Фото) Ева Јовановска, водителка на „Бекстејџ“: Мразам ако некој ми суди за способноста според надворешниот изглед

Вратите на професионалната кариера ѝ се отворија на млада возраст, зад себе има неколку титули од интернационални избори за убавина, појавувања во филм, успеси на балетска сцена, водителка е на популарен естраден телевизиски проект. Деветнаесетгодишната Ева Јовановска цврсто гази на скалилата на успехот и ги има сите „карти“ во раце за нејзината мултиталентираност да биде препознаена и надвор од границите на Македонија.

Активна си во повеќе уметнички области, ги гледаш ли сите овие изрази како на еден кој го надополнуваш од различни аспекти? Што најдобро, сепак, те изразува?

– Искрено не можам да издвојам една посебна дејност која најмногу ме изразува бидејќи секоја гранка опишува и истакнува еден посебен дел од мене, само така се чувствувам целосна и исполнета. Преку балетот ги искажувам своите емоции и љубов кон музиката и танцот, изборите за убавина и модните ревии ја истакнуваат мојата женственост и елеганција, а водителството и новинарството – комуникативноста и желбата за работа со луѓе. Многу сум зборлеста затоа моменталната работа е топ погодена за мене. Накусо кажано тоа сум јас.

Мултиталентираноста те одведе и кон музичкиот свет, каде ти и музиката се сретнавте, се здруживте, и какви ветувања си разменивте?

– Јас сум личност која сака предизвици, сакам да експериментирам со своите способности, често си поставувам одредени цели кон кои тежнеам за да видам колку можам да ги реализирам и дали се пронаоѓам на тоа поле , една од нив е и музиката. Со музиката се сретнав уште од мали нозе, ја истражував од повеќе агли, свирев на гитара, пеев, и танцував. Танцот е нешто со кое сè уште се занимавам, како инструктор во балетското студио „Ребис“, а на пеењето можеби повторно ќе вратам, не се откажувам од мојата стара љубов. Добив понуда за песна, така што можно е во скоро време да ме видите и во такво издание, како што кажав и на самиот почеток сакам предизвици.

Отстрана, делуваш на одлично орагнизирана уметница која го почитува сопственото време (и времето на другите), но и која има дефинирана цел, која знае што сака. Што е тоа на што најмногу си предадена во моментов и кои се очекувањата?

– Работата во „Бекстејџ“ е моментално мојата најголема окупација, нешто кое ми помогна да се пронајдам себеси и да се развивам како личност. Сепак имам само 19 години и ова е одлична прилика да стекнам големо искуство, па дај боже да изградам и долгогодишна кариера.

Добар дел од твоите врсници не гледаат можности за професионално, односно материјално – вредност и труд наспроти заработувачка, реализирање во Македонија, па иднината си ја бараат во странство. Чувствуваш ли лимитираност од ова поднебје?

– Македонија иако е мала државичка дава можност за просперитет, само тоа треба да се искористи максимум и во вистинското време. Сепак доколку сакаш да успееш треба да вложиш труд и трпение, познавам многу талентирани лица кои не просперираат тука само поради тоа што сметаат дека нема кој да ги слушне и забележи, ама ако не пробаш и не веруваш во себе нема да знаеш. Но да не се лажеме, доколку имам можност да се покажам и надвор од нашите граници, не би сакала да ја пропуштам таа шанса, тоа би бил уште еден предизвик.

Што студираш? Во која насока понатаму го гледаш својот професионален развој?

– За мене најтешко е да се насочам кон едно нешто за да квалитетно успеам во тоа, сакам да правам повеќе работи одеднаш и тоа некогаш и не е баш добра идеја. Сепак сакам професионално да се развивам на повеќе полиња, како уште поуспешен водител и новинар на најгледаната естрадна емисија „Бекстејџ“, добар танчер и инструктор по балет, а можеби и пеењето ќе се најде тука некаде, но за тоа уште не гарантирам времето ќе си го покаже своето. Инаку студирам на Правниот факултет „Јустинијан Први“ на насоката Односи со јавноста, можеби ќе ме биде и добар Пи-ар (се смее, н.з).

Сметаш ли дека убавите девојки треба двојно да се докажат во својата стручност само затоа што се убави, доколку кариерата одлучат да ја градат надвор од модниот свет, во бизнис светот кадешто во општества, какво што е и нашето, се уште доминираат мажи на лидерски позиции?

– Нешто што најмногу мразам е кога некој ја потценува мојата способност, интелигенција, или суди врз основа на надворешниот изглед. Ако една девојка изгледа убаво не значи дека само фузичкиот изглед и е фокус и приоритет, има уште многу повеќе да покаже, а дека треба двојно да се труди да ги докажува своите квалитети сметам дека е непотребно, доволно е да си го тера тоа што го сака и да се фокусира на себе, да не се замара со тоа што мислат другите за неа. Жената е способна да биде лидер, не само поради физикусот туку и поради квалитетот. Но, од друга страна, физичкиот изглед може да биде и алатка која ако ја употребиш на правилен начин ќе ти помогне во животот, меѓутоа во никој случај не е пресуден момент за успех.

На што те научи шоу-бизнисот и работата во Бекстејџ?

– Со оваа работа научив многу нешта, се запознав со различни луѓе, стекнувам големо како работно така и животно искуство но патот допрва е пред мене. Научив дека не секој ти мисли добро, постојат луѓе на кои ќе им бидеш трн во око, но најважно од сè е да веруваш во себе и да се бориш за тоа што го сакаш, бидејќи друг нема да го направи тоа за тебе.

Вљубена си, имаш ли момче?

– Во последно време јас и љубовта сме скарани, можеби повеќе се фокусирам на работата и не се замарам до толку со тоа, или пак ме демнее некоја „црна магија“, уште не знам што е работата но не е толку страшно како што звучи (се смее, н.з).

ФОТО – АВЕРЕЛ

Слични објави

(Фото) „Моите деца ме подмладуваат“: Симона Поповска го прослави 32. роденден со семејството

Еспресо

Принцот Хари ќе има кратка и официјална средба со кралот Чарлс: Еве ги деталите

еспресо

Уапсен познат српски естраден менаџер: Во станот му нашле дрога

Еспресо

Искрено со Пеце Суперхикс: Во лутина имаше и физички пресметки и фаќање за гуша, но затоа издржавме 30 години

Александра Георгиев

(Фото+видео) Сите гледаа во задникот на Цеца: Пејачката се „стегна“ во кожна комбинација од 350.000

Еспресо

(Фото) Весна Змијанац бакна непознат маж: Помлад од неа и покриен со тетоважи

Еспресо
Се вчитува....