Жељко Јоксимовиќ направи гламурозна прослава на 52. роденден

212

Евровизиската пејачка ѕвезда Жељко Јоксимовиќ (го памтиме по хитот „Лане моје“, кога освои високо второ место), а сега е и газда на неколку српски телевизии, деновиве го славеше својот 52. роденден во еден белградски ресторан.

Во гламурозен стил, како што му личи на Жељко, со строго поканети гости, мегапопуларниот кантавтор, лумпуваше до рано наутро.

Првата му честиташе како што доликува неговата сопругата Јована Јоксимовиќ, познатата ТВ-новинарка која инаку, на својата инстаграм-приказна накусо напиша: „Љубовта ми наполни 52 години“. Додека Жељко е фраерски седнат облечен во вечерен костум покрај белиот клавир.

Како и секогаш, Јована и овој пат силно блесна со својата убавина и својата насмевка. На една од сликите ја гледаме во прегратка со сопругот , среќна и радосна. Таа во пораката на Жељко му остави само три црвени срца, што е сосема доволно за подарокот. – Има многу сопруги кои кон своите сопрузи ниту тоа го прават, мојата Јована е поинаква, со мала работа ми создаде голема среќа, објасни Жељко.

Јована за прослават на роденденот на Жељко беше облечена во елегантен црн фустан со прерамки и истакнато деколте. Стајлингот го заокружи со накит и скап женски рачен часовник, со кој  го привлече вниманието кај присутните.   Д.М.