Раздвижен пазарен петок во Штип, цените пристојни и за купувачите и за продавачите

Јаболка, краставици, домати, салата најбарани производи на пазарот во Штип денеска. Ги имаше речиси на секоја тезга по цени достапни според продавачите за џепот на граѓаните. Предпразнично велат драстичнио промени на цените на јаболката нема да има.

„Од се по нешто, јабучки, пиперки. Средно, према пензиите средно да речеме, скапо е“

„За оние шо произведуват, евтино е а тие шо ги купват е скапо. Еден фактор делува на се кај нас неправилна распределба на лични доходи. Носи кон неправилна потрошувачка, а неправилната потрошувачка води кон неправилно производство. Најосновното, треба два пати да се враќам за да зеам шо ми тррба, ама ќе си отидам со овоа. Денеска ја потрошив, тие 500 денара од државата шо се, нема, нема.“

„Цените добри се сеа за сеа шо да праеме, не се лоши сеа парата шо ја неам нема ја. Па приличо да не се ногу високи. Зелка, ктаставица, према работата и цените заслужуват да ја носат таа цена.“

После поројните дождови, дел од производилите задоволни од влијанието на температурите врз овошјето и зеленчукот

„Па денешните температури влијаат ногу на производството, било шо и да е произвоство, било на овошките и на зеленчуко. Климата кога се мене, производството стагнира не тера како шо е терало на топлото. Купуват патлиџани, пиперки, најосновното шо и е за дома краставици, зелка морков, па и јагодата денеска е најактивна. Остануват си истите цени од онај петок, нема народо пари знаеме дека е скапо и стагнират ни цените.

Инаку, денешниот пазар во Штип беше задоволувачки посетен, имаше голем дел од тезгите за овошје и зеленчук, а без тезги беше и делот за текстил.

Лаура Стојанова М-Нет