еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЗК Пелагонија со добивка и намалени приходи во првиот квартал

Во првите три месеци од годинава, ЗК Пелагонија АД Битола остварила оперативни приходи од  135.861 илјади денари, соопшти Комбинатот преку Македонската берза..

-Истите бележат намалување од 35% во однос на истиот пресметковен период од претходната деловна година.

Во структурата на оперативните приходи, приходите од продажба изнесуваат 114.373 илјади денари, кои опфаќаат 84,18% од вкупните оперативни приходи.Приходите од продажба бележат тренд на намалување во однос на претходната година и истите се намалени за  28% или во апсолутен износ за 43.554 илјади денари.

Останатите оперативни приходи кои опфаќаат износ од 20.066 илјади денари учествуваат со 14,77% во вкупните оперативни приходи и истите бележат намалување за 54% во однос на првиот квартал од претходната деловна година, велат од таму.

Остварените оперативни расходи се во износ од 179.003 илјади денари и истите се намалени за 9% во однос на истиот период претходната година, а се помали во однос на оперативните приходи во апсолутен износ од 17.633 илјади денари, велат од таму.

-Промената на вредноста на залихите во анализираниот период за тековната година како разлика помеѓу вредноста на залихите на почетокот и на крајот на годината генирира приходна ставка во износ од  48.533  илјади денари и Друштвото оствари оперативна добивка во износ од 5.411 илјади  денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЗК Пелагонија лани со добивка

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Мапа) Најмногу заболени со Ковид-19 на 100 илјади жители има во Гостивар

Редакција

Поради неважечките ливчиња не се избра градоначалник во Ново Село во првиот изборен круг

Редакција

Најмладиот има 29 години: Од Ковид-19 починаа три лица од Куманово и едно од Гостивар

Редакција