Фото: Маја Јаневска-Илиева

Националниот комеморативен ден на холокаустот и херојството на државата Израел – Јом Хашоа беше одбележан во Меморијалниот центар на холокаустот во Скопје со палење на шесте меморијални свеќи во спомен на шесте милиони Евреи убиени во холокаустот.

Свеќите ги запали Соломон Садикарио, а кадиш молитвата за мртвите ја кажа професор д-р Самуел Садикарио.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

По свечениот дел беше отворена изложба на детски цртежи од конкурсот на тема „Холокаустот на македонските Евреи“, распишан за учениците од основните училишта од Македонија.

Фото: Маја Јаневска-Илиева

Јом Хашоа се одбележува според хебрејскиот календар во сеќавање на востанието на Евреите во варшавското гето во 1943 година и како комеморативен ден на шест милиони Евреи убиени во холокаустот.

Фото: Маја Јаневска-Илиева