Ристова: Доказите за малиот на Џафери може да се најдат на Универзитетот, во Академијата..

Ако документите за синот на собранискиот спикер, Талат Џафери ги нема во Министерството за правда за да се докаже дека синот на Џафери положил правосуден испит пред да дипломира, документите може да се најдат на соодветниот факултет, Универзитет како и во Академијата за судии и јавни обвинители, укажува универзитетската професорка, Мимоза Ристова.

И шо ако ги нема документите во Министерството за да се види дали малиот на Спикерот Џафери се запишал на Академијата за судии и обвинители пред да дипломира ! Зарем доказите нема да ги најдете?

1. На соодветниот фалултет/универзитет во книгата на дипломирани. 2. Во Академијата во евиденцијата за пријавени Конкурсот за пријавување, потоа запишани. За ова треба да постојан десетина релевантни пишани траги. И доста ви е ова за да се докаже евентуалниот криминал, и да се побара одговорност за сериозни злоупотреби, напиша Ристова.

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди дека синот на Џафери прво го положил правосудниот испит па дипломирал, но кажа дека немаат докази да го докажат ова, бидејќи ја нема документацијата во Министерството за правда.

Back to top button
Close