Ѕвездата на „Аватар“ е првата актерка чии 4 филма заработиле повеќе од 2 милијарди долари

27 јануари, 20230
avatar-put-vode-premijera-4-830x0

Остварувањата во кои игра Зои Салдана беа полн погодок на благајните

Ѕвездата на серијалот „Аватар“, Зои Салдана, е првата актерка која глуми во четири филма кои заработиле над две милијарди долари на кино благајните.

Нејзиното последно издание „Avatar: Path of Water“ заработи повеќе од 2 милиони долари, а таа бројка сигурно ќе расте. Треба да се потсетиме дека првиот дел на „Аватар“ од 2009 година заработи 2,9 милијарди долари.

Зои Салдана глумеше и во блокбастерите на Марвел „Avengers: Infinity War“ и „Avengers: Endgame“, кои заработија огромна сума на пари.

„Се чувствувам како да сум заглавена во последните 10 години од мојот живот. Се чувствував заглавена правејќи ги овие франшизи. Многу сум благодарна за можностите што ми се дадени, од работа со неверојатни режисери до запознавањето со членовите на актерската екипа, кои сметам дека ми се пријатели и играњето на улоги кои обожавателите, особено децата, ги сакаат“, изјави Зои Саладана за „Women’s Wear Daily“, пренесува „Index.hr“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *