Како што тргнало, Лукаку може да заигра за сите италијански гиганти

Белгискиот репрезентативец Ромелу Лукаку, кој сезонава настапува за Рома како позајмен играч од Челзи, налето би можело да направи трансфер во нов италијански гигант.

Сопственикот на Челзи, Тод Боли, одлучи во летниот преоден рок да го стави Лукаку на трансфер-листата и за него очекува понуди од 30 милиони евра.

Според италијанските медиуми, Рома нема намера на „Стемфорд бриџ“ да испрати ваква понуда, поради што Белгиецот ќе се врати во Лондон, за експресно да извади авионски билет за Милано бидејќи сериозен интерес за него пројавува Милан.

Росонерите се подготвени да ја платат сумата која ја бара Боли бидејќи во него гледаат идеален наследник на Оливие Жиру, кој на крајот од сезоната ќе си замине од „Сан Сиро“.

Пред Рома, Лукаку играше и за градскиот ривал на Милан, Интер, со кого ја освои титулата, а минатото лето се поврзуваше и со трансфер во Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести