Песков: Русија е подготвена за мирно решение во Украина

од Симе Стоиков

Рускиот претседател Владимир Путин го повтори ставот на Русија за мирно решение во Украина, изјави портпаролот на претседателот Дмитриј Песков.

„Нема нова мировна иницијатива, имаше најава за подготвеноста на Русија за мирно решение на украинскиот проблем“, изјави портпаролот на Кремљ за првиот ТВ канал.

Според него, тоа не било иницијатива туку „конзистентен став на рускиот претседател“, пренесува ТАСС.

Потсетуваме, Путин на средбата со претседателот на Белорусија Александар Лукашенко на 11 април рече дека Русија никогаш не го отфрлила мирното решавање на споровите. Тој изјави дека Москва секогаш била наклонета кон такво решение на конфликтот.

Слични содржини