Бузалково, Сливник и Клуковец на празник останаа без струја, ЕВН работи на отстранување на дефектот


Фото: Б. Грданоски

Граѓани на велешките села Бузалково, Сливник  и Клуковец реагираат поради тоа што останале без струја. Од ЕВН известија дека дефектот бил саниран, но повторно се појавил и дека работат и на други дефекти во Велес. 

Инаку, Бузалково има 2.050 жители, Сливник има 650 и Клуковец е со 505 жители. Како што известија жители на овие места, тие немале електрична енергија освен рано утрово од 3 до 4 часот. „Дали е дефект и кога ЕВН ќе го отстрани“, прашуваат жителите и поради празникот Бајрам?

Од ЦУК соопштија дека од ЕВН Македонија известиле дека утрово бил пријавен дефект на нисконапонската мража во с.Бузалково и екипата на ЕВН Македонија го отстранила дефектот.

Екипата во моментот интервенира на други дефекти во Велес.

Пријавен е повторно дефект на нисконапонската мража и веднаш после отстранување на дефектот во градот Велес ќе интервенираат на дефектот во с.Бузалково.

Екипите на ЕВН интервенираат на дефектите по време на пријава од страна на граѓаните.