Со денешната одлука на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,89% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија од 22.11.2022 година

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, се намалуваат за 2,00 ден/лит, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 86,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 88,50 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, односно остануваат на исто ниво како што биле утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 22.11.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), изнесува 90,00 ден/лит, малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 85,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 43,046 ден/кг.

Во образложението на одлуката стои: 

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 4,336% или за 40,150 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 2,826% или за 28,500 $/тон, кај екстра лесното масло намалување е во просек за 2,731% или за 25,350 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,066% или за 9,800 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 59,6148 ден/$ и е за околу 0,143% повисок од курсот на доларот (59,5296 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка.