Македонија

Дон Кихот конечно го напушта оклопот: д-р Беќаровски заминува од Токсикологија

Доктор Нико Беќаровски од Токсикологија во објава на ФБ навести го напушта јавното здравство и дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија.

„35 години бев најголем борец за здрав јавен здравствен сектор. Дон Кохот, конечно, го напушта оклопот. Време е во некоја од приватните болници да се отвори одделение за детоксикација и клиничка токсикологија. Бројот на консументи на психоактивни супстанции секојдневно расте“, напиша Беќаровски.

Ова се случува откако зовре состојбата на климиката и тој вчера на прес-конференција заедно со уште пет доктори од стручниот колегиум на токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, дека не дозволува вработување на двајца дипломирани биолози и еден болничар.

Тие посочија дека тас саксла да се вработат осумнаесетмина на кои им истекле договорите за дело, меѓу нив и лица без соодветно образование.

Беќаровски, откри шокантен податок дека болничар, вршел притисок врз лаборант, урина во која имало наркотици да биде сменета со урина која е чиста, но лаборантот не прифатил.

За образованието на Иљази лекарите не знаат ништо, ниту за познавањето јазици – со оглед на тоа што македонскиот не го зборува, а Беќаровски се обидел да комуницира со неа на англиски јазик.

Министерот за здравство, Илир Демири, најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, д-р Данил Петровски, но не и на економската директорка бидејќи немал сознанија за прекршок.

Директорката не говори македонски јазик, на работа доаѓа со нејзиниот татко.Деновиве таа излезе и на прес-конференција,но не даде одговор на македонски јазик, по што новинарите си заминаа.

Граѓаните се револтирани и велат дека нема да има кој да ги лекува.

,,Тешко на народот.Ќе не лечи Баба Рада на ТВ!
Сите доктори што вредат заминаа”, реагираат граѓаните на социјалните мрежи.

На почеток