„Интубирана е и во животна опасност“: Во кома, најтешко повреденото девојче при уривање на рингишпилот во Куршумлија

3403
screenshot youtube

Дванаесетгодишното девојче кое денеска беше повредено во несреќата во Куршумлија при уривање на рингишпилот е во животна опасност и е во индуцирана кома, известија од Универзитетската болница Ниш.

По инцидентот во кој се повредени уште 12 деца, девојчето околу 15 часот и 30 минути било донесено во Ургентниот центар на Универзитетскиот медицински центар Ниш во придружба на лекар од Брза помош од Прокупље каде и биле констатирани тешки неврохируршки повреди.

Како што се наведува во соопштението, таа веднаш била хоспитализирана на Клиниката за интензивна нега и поради моменталната, животно загрозувачка состојба, била интубиирана и се наоѓа во медицински индуцирана кома.

Несреќата се случила кога дел од структурата на рингишпилот се откачила на платото до автобуската станица, каде традиционално се наоѓа забавниот парк за саемот.