Фото: Пиксабеј

Зошто зелените банани се препорачуваат за дијабетичари, зрелите за оние со стомачни проблеми, а кафените банани за сите? Кога купуваат банани, повеќето луѓе бараат тие да бидат зрели и жолти. Додека некои љубители на банани не би јаделе зелена банана, а на други можеби самата помисла на мека, кашеста, кафена банана им е одбивна, сепак, дали знаете која банана е подобра или можеби дури и поздрава?
Нутриционистот Ријанон Ламберт открива дека недозреаните банани се корисни за дијабетичарите, малку презрелите за оние со стомачни проблеми, а зрелите и темни банани се корисни за секого.
Незрелите банани имаат помалку шеќер. Ако имате дијабетес, треба почесто да јадете недоволно зрели банани. Тие содржат помалку шеќер.
– Истражувањата покажуваат дека во недоволно зрелите банани, скробот претставува 80-90 проценти од јаглехидратите, кои кога бананата созрева се претвораат во слободни шеќери. Затоа ги советуваме луѓето со дијабетес да јадат банани што не се презрели, за да не го покачат премногу шеќерот во крвта – вели Ламберт.
Зрелите банани, пак, полесно се варат. Тие се веројатно подобар избор за секој со дигестивни проблеми. Зелените банани пак имаат повеќе таканаречен „отпорен“ скроб, кој може да биде добар за вас затоа што го сакаат добрите цревни бактерии. Позрелите банани полесно се варат кај просечниот човек.
Кафените банани, пак, се полни со антиоксиданти. Бананата станува речиси целосно кафена кога целиот нејзин скроб се распаѓа во шеќер. Овие банани се исто така послатки и луѓето претпочитаат да ги користат за печење. Сепак, таквата банана е полна и со антиоксиданти, кои се важни за заштита на човечкото тело.
Ако повлечеме линија, секој избор на банани е добар. Хранливата вредност на бананата не се менува со нивото на нејзината зрелост. Она што се менува се вкусот и начинот на кој вашето тело го обработува шеќерот од бананата.