Свет
(Видео) Хамас објави снимка од заложник киднапиран пред 200 дена, му недостига дел од раката
23-годишниот Херш Голдберг-Полин беше киднапиран на музички фестивал кога Хамас го нападна Израел на 7 октомври и сега се појави на видео објавено од милитантната група. На видеото се гледа дека му недостига подлактницата на левата рака. Сведоците претходно раскажаа како бил повреден кога се обидел да фрли граната во засолниште во кое се криеле луѓе.
Тој наводно ја користел својата кошула за да го запре крвавењето пред да биде киднапиран од Хамас. Во видеото 23-годишникот ги критикува израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и неговата влада велејќи дека треба да се срамат што не обезбедуваат ослободување на заложниците.
Тој тврди дека Израелците убиле 70-ина заложници во бомбардирањата, а другите живеат во подземен пекол без вода, храна и сонце. 23-годишното момче на видеото е облечено во црвена кошула. Видеото завршува со порака до сопствените родители, во која им порачува „останете силни“ и дека „многу ве сакам“, пренесува „Скај њуз“.
Набрзо се јавија и неговите родители.
„Те сакаме, остани силен, опстани“, рекоа тие.
Џон Полин вели дека е среќен што имал шанса да го слушне гласот на својот син за прв пат по повеќе од 200 дена.
„Среќни сме што го видовме жив, но сме загрижени и за неговото здравје, како и за сите други заложници и сите оние кои страдаат во овој регион“, рече тој.
Тој ги повика земјите вклучени во мировните преговори „да бидат храбри да го искористат овој момент и да постигнат договор за секој да може повторно да се обедини со своите најблиски и да стави крај на страдањата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Убиство и самоубиство во Бјеловар, Хрватска
Во Бјеловар, Хрватска во семејна куќа се пронајдени две починати и едно тешко повредено лице, кое е префрлено во болница. Најверојатно се работи за насилна смрт, а според неофицијални информации, мажот ја убил мајката на неговата жена, а се обидел да ја убие и сопругата која е тешко повредена.
Напаѓачот, според првичните инфрормации се самоубил.
Хрватската полиција засега не ги потврдува неофицијалните информации дека се работи за убиство и самоубиство.
Полицијата дојавата ја добила околу 10 часот, а на местото се врши увид.
Европа
Премиерот Фицо уште е во животна опасност, напаѓачот призна вина
Осомничениот за нападот врз словенечкиот премиер Јурај Цинтула денеска пред Специјализираниот кривичен суд во градот Пежинок призна вина. Состојбата на премиерот Фицо и понатаму е сериозна.
Обвинителството вчера побара притвор за 71-годишниот Цинтула поради евентуално бегство или повторување на кривичното дело. Напаѓачот беше спроведен под силно полициско обезбедување, а ниту на новинарите им беше дозволен влез во Судот.
Премиерот на Словачка, Роберт Фицо на 15 мај беше застрелан во градот Хандалова додека се поздравуваше со насобраниот народ. Цинтула веднаш по нападот е приведен.
Тој се соочува со обвинение за обид за убиство од одмазда, за што е предвидена казна од 25 години до доживотен затвор.
Словачките политичари изјавија дека нападот врз Фицо не е политички мотивиран.
Свет
Русија нема сила повторно да го нападне Киев, изјави Зеленски за АФП
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во интервју за Агенцијата Франс прес (АФП) изјави дека не верува оти Русија има сила повторно да го нападне Киев.
Тие немаат сила за голема офанзива против главниот град, како што имаа на почетокот на инвазијата, посочи Зеленски додавајќи оти главни цели на Кремљ се Харков и Донбас.
Тој ги обвини западните земји што му забраниле да ја нападне Русија со нивното оружје.
„Русите можат да не нападнат на наша територија, тоа е најголемата предност што ја има Русија, но ние не можеме да направиме ништо со западното оружје на нивните вооружени системи лоцирани на руска територија. Немаме право“, вели Зеленски.
Според него, Западот се плаши и од руски и од украински пораз и оваа ситуација ја нарече апсурдна.
„Ние сме во апсурдна ситуација кога Западот се плаши дека Русија ќе ја изгуби војната. А во исто време тие не сакаат Украина да ја изгуби. Затоа што конечната победа на Украина ќе доведе до пораз на Русија и конечна победата на Русија ќе доведе до пораз на Украина“, истакна Зеленски.